Ние, ХЕДРА ОФФИЦЕ ДООЕЛ Битола  или само „Хедра“, заедно со нашиот тим, со објавување на оваа Политика за приватност, Ве уверуваме дека во целост ја почитуваме применливата законска регулатива за заштита на личните податоци и се грижиме за обезбедување на највисок степен на заштита на Вашата приватност и Вашите лични податоци.

Оваа Политика за приватност е во целост усогласена со важечките законски решенија од областа на заштитата на личните податоци во Република Северна Македонија, додека нашата доследност и посветеност е одраз на вреднувањето на довербата која ние ја укажувате Вие – нашите клиенти, потрошувачи, деловни партнери и сите други лица кои ги споделувате своите лични податоци со нас и кои ја посетувате нашата веб страна – https://hedraoffice.mk.

Политиката за приватност ја создадовме, со цел преку нејзина соодветна примена сите заедно да допринесеме кон остварување на уште поголем степен на заштита на личните податоци, бидејќи наша основна обврска е почитување на сечие право на приватност и право на заштита на лични податоци.

Во таа смисла, на нашиот тим ќе му претставува задоволство доколку одвоите дел од своето време и се запознаете подетално со нашата Политика за приватност која следи во продолжение.

  1. Цели за собирање и обработка на лични податоци

Секогаш кога собираме лични податоци, нивното собирање ни е потребно заради остварување на една или повеќе од следниве цели:

  • побрзо, полесно и поедноставно да ги проследиме сите известувања и информации до Вас;
  • побрзо, полесно и поедноставно да ги пронајдете производите и/или услугите кои Ви ги нудиме;
  • примање на Вашите електронски (онлајн) нарачки од нашиот асортиман на производи;
  • брза и навремена достава на купените производи до Вашата адреса;
  • пружење на услуги на сервис за производите кои сте ги купиле:
  • навремено да бидете известени за сите нови производи или понуди за кои сметаме дека
    ги задоволуваат Вашите преференци и потреби;
  • да ги користите сите поволности кои ги нудиме како награда за Вашата лојалност;
  • да станете дел од нашиот тим преку аплицирање за вработување;
  • остварување на заедничка комуникација и примање на Ваши забелешки, коментари, пофалби и критики.

Ве уверуваме дека Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради за која се собрани. Собирање и обработка на Вашите лични податоци за друга цел, различна од погоре наведените, може да се врши исклучиво и само врз основа на Ваша претходно дадена согласност или заради извршување на законски обврски.

  1. Правна основа и начин за обработка на лични податоци

Вашите лични податоци ги собираме, обработуваме и чуваме законито, транспарентно и правично. Вашите лични податоци се собираат, обработуваат, употребуваат и доставуваат на трети лица само од страна на вработените кои се посебно овластени за тоа. Вашите лични податоци можат да им бидат доставени на надлежни органи само во согласност со постапка уредена со закон.

Обработката на личните податоци може да се врши:

  • врз основа на претходно дадена согласност од Ваша страна за обработка на Вашите лични податоци за една или повеќе цели;
  • обработката е неопходна за исполнување на нашите законски обврски;
  • обработката е неопходна заради реализација на договор склучен со Вас или со цел да се преземат чекори на Ваше барање, пред да се пристапи кон склучување на договор;
  • обработката е неопходна со цел заштита на Вашите или интереси на трети лица во итни случаи;
  • обработката е неопходна за извршување на задача/и извршени во јавен интерес и/или при вршење на службени овластувања;
  • обработката е неопходна за целите на нашите легитимни интереси, трето лице или лице на кое податоците му се откриени, освен во случаи кога Вашите слободи и права како субјекти на лични податоци преовладуваат над таквите интереси.

Обработката на Вашите лични податоци се врши исклучиво во согласност со прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија.

  1. Категории на лични податоци кои ги собираме

Категориите на лични податоци кои ги собираме заради остварување на горенаведените цели се следните:

  • Име и презиме;
  • Адреса на живеење (улица, број, поштенски код, град, држава);
  • Е-маил адреса;
  • Контакт телефон;
  • Забелешка/коментар за извршена нарачка на производи и/или услуги.

При секоја Ваша посета на нашата веб страна, ние ги обработуваме Вашите лични податоци, само доколку истите доброволно ги дадете преку користење на следните опции:

  • Контакт;
  • Регистрирај се / Најави се;
  • Аплицирај за работа;
  • Аплицирање за Еко-акција (ослободување од електричен и електронски отпад);
  • Картичка за лојалност;
  • Електронско вршење нарачки преку нашиот електронски систем;
  • Електронско плаќање за извршените нарачки од нашиот асортиман на производи.

Секогаш кога користите некоја од горенаведените опции, ние ги собираме Вашите лични податоци.

  1. Рок на чување на Вашите лични податоци

Вашите лични податоци ќе ги задржиме онолку долго колку што е потребно за остварување на целите согласно оваа Политика за приватност. Вашите лични податоци ќе бидат задржани само до степенот до кој е потребно заради усогласување со нашите законски обврски, заради остварување на нашиот легитимен интерес и спроведување на нашите правила и политики.

Некои од Вашите лични податоци, може да се чуваат и подолго од предвиденото, исклучиво заради цели во врска со постапки кои се водат пред надлежни државни органи и институции.

  1. Категории на корисници на кои може да им бидат доставени Вашите лични податоци

Вашите лични податоци се обработуваат само во рамки на нашата команија. По исклучок, во случаи и под услови предвидени со закон, може да ги доставиме Вашите лични податоци на следните категории на корисници:

  • Адвокати;
  • Нотари;
  • Извршители;
  • Судови;
  • Сметководители;
  • Други правни лица кои податоците ги употребуваат за остварување на Вашите права и интереси (банки, осигурителни компании и слично);
  • Останати правни лица и овластени државни органи, установи и институции.
  1. Обработувачи кои можат да имаат пристап до Ваши лични податоци

Право на пристап до Вашите лични податоци може да имаат и следниве категории на обработувачи:

  • Субјекти кои вршат услуги на достава (карго достава, поштенски, курирски, како и други вид услуги за достава);
  • Надворешни лица кои даваат ИТ услуги, со цел одржување на веб-страната и целокупниот воспоставен електронски систем кој го користиме;
  • Субјекти кои нудат сервисни услуги кои се состојат во поправки на производите и останатка техничка поддршка.

Ве уверуваме дека соработуваме само со обработувачи кои обезбедуваат доволна гаранција за примена на соодветни технички и организациски мерки на таков начин на кој обработката ќе се одвива во согласност со законски предвидените услови и барања и ќе обезбедува заштита на правата на субјектот на личните податоци. Обработката на Вашите лични податоци од страна на трети лица – обработувачи ја регулираме со договор или со друг правен акт во согласност со закон. Обработувачот не може да ангажира друг обработувач без наше претходно писмено овластување.

  1. Пренос и откривање на лични податоци

Право на пристап до Вашите лични податоци имаат само нашите вработени лица кои се посебно овластени за нивно собирање и обработка. Особено не дозволуваме неавторизиран и незаконски пристап до Вашите лични податоци, ниту вршиме нивен пренос и/или откривање на трети лица, освен во случаи предвидени со закон.

За обработка на Вашите лични податоци со цел исполнување на нашите обврски кон Вас или нашите законски обврски може да се случи да ангажираме обработувачи на лични податоци кои се наоѓаат надвор од територијата на Република Северна Македонија (на пр. хостирање на нашата веб страна.). Тоа ќе го направиме исклучиво во согласност со одредбите на прописите за заштита на лични податоци, обезбедувајќи тајност и заштита на Вашите лични податоци. Доколку преносот се врши во земји надвор од Европската Унија или Европскиот економски простор, преносот ќе се изврши само доколку се исполнети законските услови за дозволеност на истиот. Овие трговски друштва можат да ги користат личните податоци само на начин предвиден со оваа Политика за приватности и согласно инструкциите и насоките кои ги дава Хедра и на кои ги обврзал трговските друштва со меѓусебен договор за обработка на лични податоци.

Преносот на личните податоци е заштитен со соодветни и квалитетни методи, така што во случај на пренос истите нема да бидат читливи и ќе бидат заштитени соодветно на ризикот и природата на податоците кои се пренесуваат. Со цел спречување на неовластен пристап на личните податоци, ќе ги преземеме сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци.

  1. Управување со согласности 

Во секое време да го промените статусот на Вашата согласност (да дадете или да повлечете согласност), преку следните канали: е-маил порака, писмено барање (преку нашата веб страна) и во било кој продажен салон Хедра. Согласноста за обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг што Вие како корисник/купувач сте ја дале или нејзиното повлекување е секогаш валидна за целите за кои што сте се одлучиле дека треба да биде валидна. 

  1. Соработка со трети страни

При секоја Ваша посета и/или користење на нашата веб страна, не е исклучена можноста да наидете на веб страни на трети лица со кои соработуваме. Затоа, Ве известуваме дека доколку на нашата веб страна наидете на врски кои Ве упатуваат на други веб страни кои им припаѓаат на трети лица, ние не сме овластени да ја контролираме нивната содржина, ниту можеме да имаме увид во начинот на кој обезбедуваат заштита на личните податоци. Воедно, не сме одговорни за постапките на вработените или други лица кои се овластени да работат на веб страните кои се поврзани „кон“ и „од“ нашата веб страна. Секоја од овие веб страни може да има сопствена Политика за приватност, со која исто така препорачуваме да се запознаете.

  1. Политика за заштита на лични податоци на лица под 18 години

Согласно законските решенија, малолетните лица (деца) не смеат да даваат лични податоци без дадена  дозвола од страна на нивните родители/старатели. Затоа, топло им препорачуваме на сите родители/старатели да ги научат своите деца на безбедно и одговорно ракување со лични податоци. Ние, во ниту еден случај нема намерно да земеме (собираме и обработуваме) лични податоци на лица кои не навршиле 18 години, ниту да ги проследиме нивните лични податоци на трета страна, без претходно добиена дозвола од страна на нивните родители/старатели.

  1. Колачиња (Cookies)

Нашата веб-страна https://hedraoffice.mk користи колачиња (“cookies”), кои овозможуваат подобро функционирање на страната, но и подобро искуство за Вас додека ја користите.

Колачиња или “cookies” се мали текстуални датотеки (делови од код), кои можат да се употребуваат со цел да се подобри корисничкото искуство при посета на веб страната. Колачињата функционираат на начин што при посета на веб страната, истата ги поставува колачињата на Вашиот уред заради чување на информации за Вашата посета. Колачињата обично истекуваат по одреден временски период, кој може да биде во траење од неколку минути до една година.

Колачињата се користат за подобро разбирање на користењето на веб страната од страна на посетителите како и за оптимизирање на искуството при користење. Колачињата можат да содржат различни видови информации за Вашата посета на одредена веб страна, но најчесто се користат за чување на избраните преференции, како што се јазик, големина на фонт, содржина на кошничката, поставки за приватноста и состојба на најавување. Колачињата не содржат лични или приватни податоци за Вас, но можат да соберат информации за Вашите навики на пребарување.

Колачињата дозволуваат на страната која што ги поставува, да ги препознава корисничките уреди на користење во споредба со претходни најави и посети со цел да се персонализираат рекламите за поголема релевантност спрема корисниците. Овие информации може да се соберат на сите веб-пребарувачи и на сите уреди (компјутер, лаптопи, паметни телефони, таблети итн.). Во најголем дел, колачињата го подобруваат Вашето корисничко искуство со пребарувањето со тоа што спречуваат постојано да ја одбирате истата опција секогаш кога посетувате некоја страница.

Повеќето колачиња може да се избришат или блокираат. Колачињата за време на сесијата автоматски ќе се избришат кога ќе го затворите Вашиот веб-прелистувач. Поставките на прелистувачот за промена на поставките за колачиња обично се наоѓаат во менито “Options” или “Preferences” на Вашиот прелистувач. За повеќе детали можете да ја користите и опцијата “Help” во Вашиот прелистувач. Имајте предвид дека во некои случаи, бришењето на колачиња ќе влијае на Вашето корисничко искуство при повторна посета на некоја страна. На пример, можеби ќе бидете принудени повторно да се најавите, или предметите додадени во вашата кошничка ќе исчезнат.

Кога прв пат ќе ја пристапите на веб страната https://hedraoffice.mk ќе добиете порака која што Ве известува дека користиме „колачиња”. Со кликнување на полето “се согласувам”, затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на веб страната Вие изјавување дека сте ја разбрале Политиката за користење колачиња, објавена на нашата веб страна.

Воедно, на известувањето дека користиме „колачиња” е содржано и поле „Поставки за колачињa” со цел Вие самите да одберете кои колачиња со информации за Вашата посета на https://hedraoffice.mk ќе бидат зачувани. Не е задолжително да ги прифатите колачињата и согласувањето со користењето на истите може да биде отповикано во било кое време.

Хедра ги користи следните видови колачиња:

  • Неопходни колачиња (necessary cookies). Неопходните колачиња помагаат една веб-страна да биде употреблива со овозможување на основните функции, како навигацијата низ страницата, употребата на кошничката за купување, наплата, електронски пораки и слично. Без овие колачиња, веб-страницата не може да функционира правилно и оптимално.
  • Статистички колачиња (Statistical cookies). Статистичките колачиња ни помагаат да разбереме на кој начин посетителите комуницираат со веб страната преку анонимно собирање на информации.

За повеќе информации околу користењето на колачиња на https://hedraoffice.mk можете да најдете на објавената Политика за колачиња.

  1. Google Аналитика (Google Analytics)

Заради потребата од анализа и истражување на начинот на користење на нашата веб страна: https://hedraoffice.mk, Ве информираме дека го применуваме најчесто користениот сервис за веб-аналитика, општопознат како алатка Google Analytics.

Користењето и употребата на оваа алатка, се должи на потребата од анализа и евалуација на користењето на нашата веб страна од страна на корисниците. Преку имплементирање на оваа алатка се обезбедуваат статистички податоци, информации и извештаи за  фреквенцијата на „сообраќајот“ односно активноста на веб страната. Ова значи дека Google ги следи посетите на една веб страна преку IP адресата на корисниците, со цел да ја одреди приближната локација на корисникот.

Google Analytics користи колачиња (cookies), па така сите информации кои се генерирани од колачињата во врска со Вашето користење на веб страната се проследуваат до Google.

Истовремено, Ве уверуваме дека нема да ја користиме оваа алатка заради следење и/или собирање на лични податоци на посетителите и корисниците на https://hedraoffice.mk.

  1. Безбедност на податоци при електронско плаќање

Преку користење на опциите за електронско плаќање, со нас секогаш и секаде можете безбедно да купувате!

Податоците поврзани со Вашата платежна картичка или Вашата сметка во банка се испраќаат директно до банката преку шифрирана врска. Ние не ги собираме, ниту имаме право на пристап до информациите поврзани (ин)директно поврзани со Вашата картичка или сметка во банка. Право на пристап и право да врши контрола на овие податоци има само банката во чија сопственост е платежната картичка. Подетални информации околу начинот на кој се грижиме за заштитата и безбедноста на Вашите податоци при користење на услугите на електронско плаќање можете да најдете овде.

  1. Поврзување преку социјални мрежи (Facebook, Twitter, Instagram, YouTube)

Преку користење на нашата веб страна, како корисници/посетители имате можност да бидете поврзани и да остварите интеракција преку користење на Вашите профили на социјалните мрежи: Facebook, Twitter, Instagram, YouTube.

Доколку сте регистриран корисник на нашата веб-страна

Доколку истовремено сте регистрирани и најавени како корисник на нашата веб страна и на Вашиот профил на некоја од горенаведените социјални мрежи, преку кликање на копчињата: Facebook / Instagram / Twitter / YouTube, Вашиот профил на https://hedraoffice.mk и профилот на соодветна социјална мрежа ќе бидат споени, но само доколку ги користите истите е-маил адреси. Во случај доколку е-маил адресите не се совпаѓаат, истите може да ги споите преку опцијата „Мои поврзувања“ (Settings) на Вашиот профил.

Доколку сте регистрирани и најавени како корисник на https://hedraoffice.mk, но не сте најавени на профилот кој го користите на некоја социјална мрежа, кога ќе кликнете на било кое од копчињата: Facebook / Instagram / Twitter / YouTube, ќе биде потребно да ги внесете Вашите податоци за логирање на конкретната социјална мрежа.

Доколку не сте регистриран корисник на нашата веб-страна

Доколку сакате да се најавите преку социјална мрежа, но притоа не сте регистрирани како корисник на https://hedraoffice.mk, ќе биде побарано да ги внесете Вашите податоци за логирање од социјалната мрежа, а потоа ќе Ви биде креиран профил на https://hedraoffice.mk од Вашиот профил на социјалната мрежа. Во ваков случај, потребно е да подесите кои податоци сакате да ги споделите од Вашиот профил во подесувањата на социјалната мрежа каде Ви е регистриран профилот.

Со ваквиот начин на поврзување преку користење на социјална мрежа, се согласувате да ни давате дозвола да имаме увид врз информациите од Вашиот профил на соодветната социјална мрежа.

  1. Вашите права како субјекти на лични податоци

Согласно законските прописи, Вие, како субјект на лични податоци имате права во однос на заштита на Вашите лични податоци, како што се детално објаснети во Законот за заштита на личните податоци. Во оваа смисла, Хедра како контролор на лични податоци е должно да го олесни остварувањето на правата на субјектите на личните податоци. Од таа причина, Ве информираме дека во секое време имате право да се информирате / побарате / поднесете:

  • дали се врши обработка на лични податоци;
  • за целите и правната основа на обработка на лични податоци;
  • категории на лични податоци кои се обработуваат, корисници и категории на корисници на кои се откриваат;
  • рок во рамки на кој ќе се чуваат Вашите лични податоци и/или критериуми за одредување на тој период;
  • изворот на лични податоци кои не се дадени од Ваша страна;
  • логиката на автоматизирана обработка, во случај на одлука донесена врз автоматска обработка, која може да има влијание;
  • да побарате дополнување и/или измена доколку Вашите лични податоци се нецелосни, неточни или неажурирани;
  • да побарате да биде ограничена обработката на Вашите лични податоци;
  • да побарате Вашите лични податоци да бидат избришани;
  • да ја повлечете претходно дадената согласност за целите на обработка на личните податоци;
  • да поднесете приговор за начинот на обработка;
  • да Ви биде обезбедена копија од Вашите лични податоци.

Доколку сакате да поднесете Барање за пристап/дополнување/измена/бришење или ограничување на обработката на Вашите лични податоци, кликнете тука.

Ве потсетуваме дека електронската адреса преку која ќе не контактирате, содржината на Барањето и останатите лични податоци нема да бидат искористени за друга цел, освен за да одговориме на Вашите барања и потреби.

  1. Промени на Политиката за приватност

Оваа Политика ќе биде предмет на постојано следење на новите законски трендови од аспект на обезбедување на современа заштита на личните податоци по највисоки стандарди. Повремена адаптација на оваа Политика може да биде резултат на додавање на опции или подобрувања на перформансите и функционалноста на веб страната.

 

Со почит,

ХEDRA OFFICE ДООЕЛ, Битола

Обновено: Март 2023 година.